18 Растенија кои треба секогаш да растат едно до друго

 

Здруженото садење ги користи придобивките од едниот вид да му помогне на другиот.

Градинарите знаат дека за здрава и убава градина се прави мешавина од различни растенија. Многумина веруваат дека одредени комбинации на растенија имаат исклучителна (дури и мистериозна) моќ да си помагаат меѓусебно во растот. Научното изучување на процесот, наречен здружено садење, потврдува дека некои комбинации имаат вистинска корист уникатна за тие комбинации, а практичното искуство им покажува на многу градинари како да спарат одредени растенија за нивна заедничка придобивка.

Здружените растенија си помагаат меѓусебно во растот, на пример високите растенија обезбедуваат сенка за покусите растенија чувствителни на сонце. А и техниката ефикасно го користи просторот во градината. Растенијата ползавци ја покриваат земјата, исправените растат високо, така дозволувајќи простор за двете растенија на исто парче земја. Вака здружени растенијата спречуваат проблеми со штетници. Растенијата како кромид ги уништуваат штетниците а други растенија можат да ги примамат штетниците подалеку од чувствителните растенија, или пак едно растение може дури и да ги привлече предаторите на штетниците од другото растение.

 

РУЖИ + ЛУК

Градинарите саделе лук со ружи еони наназад, бидејќи лукот им помага на ружите така што ги одвраќа штетниците. Луковите ливчиња ги одвраќаат исто како и нивните мали виолетови или бели цветови, а во доцната пролет тоа изгледа одлично заедно со ливчињата и цветовите на ружите.


ЏУНЏУЛЕ + ДИЊА

Одредени видови на џунџуле ги контролираат црвите во корењата исто толку ефикасно како и некој хемиски третман.

 

 

 

ДОМАТ + ЗЕЛКА

Доматите ги одбиваат гасениците кои прават големи дупки на листовите на зелката.

 

 

 

 КРАСТАВИЦИ + ПОТОЧАРКА

Ползечките гранчиња на поточарката кои се извиваат нагоре се одлично друштво помеѓу краставиците и тиквите. Поточарката е прочуена по тоа што ги одбива инсектите од краставицата, но и како живеалиште на пајаците и бубачките од земјата.

 

 

ПЧЕНКА + ГРАШОК

Грашокот привлекува корисни инсекти кои се плен на штетниците на пченката, како што се смрдливки, гасеници и разни инсекти на листовите, а грашокот ползи на стебленцето на пченката.

 

 

МАРУЛА + НИКОТИЈАНА

За подобар раст, никотијаната и прави блага сенка на марулата.

 

 

 

 

РОТКВИЧКА + СПАНАЌ

Садењето на ротвичка помеѓу спананаќот ќе ги одвлече лисните напаѓачи подалеку од спанаќот. Штетата која ја прават напаѓачите на листовите на ротквичката не го спречува нејзиниот раст под земја.

 

 

КОМПИР + АЛИСИМ

Алисимот има мали цветчиња кои привлекуваат корисни инсекти, како што се осите. Насадете го Алисимот покрај густите посеви на компир, или пуштете да се шири за да формира жива покривка под сводот на растенија како што се брокули. Освен тоа, слаткиот Алисим цело лето ќе ја мириса вашата градина.

 

КАРФИОЛ + ЗИНИЈА

Нектарот од Зинијата ја мами бубамарата и други предатори кои помагаат за заштита на карфиолот. 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet