Старите дрва растат побргу отколку младите!

 

За разлика од луѓето, старите дрва растат побргу отколку младите, покажува новото истражување.

97% од истражените видови растат побргу со текот на времето.

Интуитивното чувство за повеќето живи битија, вклучително и нас луѓето, ни вели дека растот е брз во младоста, а потоа се успорува или запира. Но во новата студија именувана Стапката на акумулација на јаглерод кај дрвјата континуирано расте со големината на дрвото, објавена во научното списание Nature, научниците објаснуваат дека ова не важи за дрвата и дека всушност, вистината е токму спротивноста. Старите растат побргу од младите. Ова е важно откритие бидејќи е спротивно на широко распространетото верување дека големите дрва не се толку продуктивни како младите кога станува збор за апсорбирање на СО2 од атмосферата. Истражувачите набљудувале 403 тропски и умерени видови на дрва и откриле дека 97% од нив растеле сè повеќе и повеќе како што старееле.

„Големите, стари дрва не се однесуваат само како стари резервоари на јаглерод, туку активно впиваат огромна количина на јаглерод во споредба со помалите дрва“, пишуваат авторите на студијата.  

Дури и дрвата кои што не растат во висина продолжуваат да се шират, така претворајќи го СО2 во кислород во голема мера.

Студијата беше соработка помеѓу 38 научници околу светот и беше основана на 673,046 поединечни дрвја обработувајќи информации над 80 години, што е доста широк спектар. 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet