Генијалната формула за дрвото на Леонардо да Винчи, денес научно потврдена!

 

Помеѓу големите уметници кои биле пленети од дрвата, бил големиот Леонардо да Винчи. Тој, кратко пред неговата смрт, во еден од неговите огромни нотеси изработил математичка формула за врската помеѓу големината на стеблото на дрвото и неговите гранки. Тој открил дека вкупната површина на пресекот на сите млади гранки е приближно еднаква на мајката стебло или гранка, без разлика на висината на дрвото. Векови подоцна, научните тестови, употребувајќи компјутерски-создадени модели на дрва, не само што откриле дека формулата на Леонардо ги опфаќа скоро сите видови дрвја, туку исто така ја објаснуваат и инзвонредната флексибилност што ја има дрвото спрема ветерот и другите надворешни сили.

 

 Разгранување на дрво Леонардо да Винчи (околу 1515г.). Проучување на разгранување на дрвото. Правилото на Леонардо е прилично едноставно, вели дека „Секоја година кога гранките на дрвото ќе го завршат процесот на созревање на новите изданоци, кога ќе се спојат заедно тие ќе направат дебелина еднаква на онаа на главното стебло“.

Всушност, формулата на Леонардо се однесува на нештото кое го прави дрвото толку моќна метафора за организираното знаење – неговата основна функција не само како статичен објкт, туку како систем за функционирањето на движечата сила.

Нашиот исконски, симболички однос со дрвото може да објасни зошто неговата разгранета шема не само што е важен иконографски мотив за уметност и религија, туку исто така и важна метафора за системите на класификација на знаењето. Низ историјата на човештвото, структурата на дрвото се користи да да се објасни скоро секој аспект на животот: од крвното сродство до главните карактеристики, законските системи во научните подрачја, биолошките поврзувања со систмите на базните податоци. Дрвото е многу успешен модел за графичко прикажување на односите бидејќи тоа прагматично ја изразува материјализацијата на мноштвото (претставено со последователно разгранување на гранки, фиданки и ливчиња), надвор од единството (централната основа стеблото, кое редоследно е поврзано со главниот корен, изворот, т.е потеклото)“.

Мануел Лима Книга за Дрвјата: Визуелизација на Гранките на Знаењето

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet