ЈП „Паркови и зеленило“ го расчистува паднатиот снег и мраз
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатиов период интензивно учествуваа во активностите на зимската служба на град Скопје. Поради временските услови на обилни врнежи од снег со 80 работници и механизација вршеа расчистување на паднатиот снег по булеварите и улиците кои се во надлежност на град Скопје. Се расчистуваа јавните површини и пешачките патеки, се чистеше снегот од пешачките патеки по парковите, средните ленти, се фрлаше сол по булеварите и патеките, а екипи од Секторот „Дрвореди“ вршеа чистење на снежната маса од дрвјата - стеблата, како и отстранување на сите критични и оштетени гранки, дрвја, поради големата количина на вода кои ја апсорбираат и истите претставуваат опасност. Воедно апелираме до сите граѓани, куќни совети и деловни објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.