БУТАН – Најзелената земја на светот


Бутан наоѓа на Хималаите и нејзините жители ја чуваат природата во нејзината оригинална форма и убавина.

Иако целта на властите била да го сведат на нула нивото на јаглероден диоксид, тие успеаја да постигнат дури и негативно ниво. Односно, жителите произведуваат 1.5 милион тони јаглероден диоксид, додека шумите апсорбираат над 6 милиони тони. И покрај ова државата ќе оди уште понапред префрлајќи се на целосно органско производство до 2020 година и нула производство на стакленички гасови и отпад до 2030 година.

Минатата година Бутан влезе во Гинисова книга на рекорди засадувајќи 49.672 дрвја за само еден час. А еден месец претходно сите 82000 домаќинства во Бутан засадија неверојатни 108.000 дрвја за да го прослават раѓањето на првото дете на кралот Кесар и кралицата Џетсон.

Во Будизмот дрвото е снабдувач и хранител на сите животни форми, симболизирајќи долговечност, здравје, убавина и сомилост. Зачувувањето на шумите и природната средина е во суштината на борбата со климатските промени, нешто што повеќето земји го игнорираат. Но Бутан не само што ги штити шумите од сечење, туку постојано ја зголемува пошумената површина. Моментално72% од површината на државата се покриени со шума, додека Уставот на Бутан ги обврзува граѓаните со барем 60%.

Во Бутан се верува среќата е поврзана со природата и доколку нема сооднос меѓу нив нема да има ни рамнотежа. Земјата не го мери својот успех според бруто-домашниот производ како што прават сите други нации со пресметување на монетарната вредност на тоа што го произведуваат, туку ја мери бруто националната среќа.

 

Со ова државата се надева да придонесе за зачувувањето на средината и на планетата Земја што е доказ дека оваа мала држава е дефинитивно огромна по својата неверојатност.  

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet