Зелен билборд што заменува 275 дрва ќе го прочистува воздухот во Скопје
Билборд наречен „Градско дрво“ ќе биде поставен во Скопје и Тетово и ќе го прочистува загадениот воздух, притоа заменувајќи 275 вистински дрвја. Зелениот билборд наречен „Градско дрво“ е вертикална структура направена од мов, висок е 4 метри, а широк 3 метри и со длабочина од 60 сантиметри, а претставува комбинација од специфични култури на мовови со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина (ПМ), азотни оксиди и озон, а имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно…прочитај повеќе
превземено од скопјеинфо.мк - 08.12.2016