9 НАЈРЕТКИ РАСТЕНИЈА ВО СВЕТОТ

  

 

Кои се најзагрозените растенија?

Растенијата, исто како и загрозените животни, се многу важни во екосистемот – и човечката егзистенција се потпира на тој екосистем.

 

Еве девет од најзагрозените растенија денес. Според IUCN (Интернационото Здружение за Заштита на Природата) речиси сите се класифицирани во најкритично загрозените. Овие растенија живеат на најнедостапните, зафрлени и далечни места на нашата планета. Нив им се заканува уништување на животната средина, нелегално собирање, крадење и натпревар од напаѓачките видови.

 

 

Пичер“ растението е познато само во релативно недостапните врвови на Викторијанската Планина на Филипините. Се смета дека има само неколку стотици од нив. Пичер растенијaта се месојадни растенија кои ги ловат животните во сад исполнет со течност, наречен бокал. Ова растение е едно од најголемите, со бокали повисоки од 30см во кои можат да ловат инсекти и глувци.

 

 

Самоубиствената палма е џиновска палма пронајдена само во зафрлените делови на северно-западен Мадагаскар. Живее околу 50 години, потоа расцветува само еднаш и набрзо умира. Самоубиствената палма е откриена во 2005 година. Имаат огромни распламтени лисја поголеми од 5м, а стеблото им достигнува до 18м, палмите можат да се видат на Google Earth. Во дивината постојат само околу 90.

 

 

Необична орхидеја целиот живот го поминува под земја. Дури и цвета под земја, доцна во Мај или рано во Јуни, произведувајќи повеќе од стотина кремасти до црвеникави цветови со силна миризба. Живее само во грмушестите подрачја на западна Австралија. Има недостаток на хлорофил и не може да црпи сончева енергија како повеќето растенија. Наместо тоа се храни од корењата на грмушките, заразувајќи ги печурките поврзани со нив. Се смета дека има помалку од 50 растенија.

 

Пронајдено во планините на Кверетарио во Мексико, „Голфовско топче е мал белузлав кактус кој изгледа како топче за голф. Неговите прекрасни розеви цветови станаа познати помеѓу хортикултуристите и премногу диви кактуси се нелегално собрани. Како резултат на ова, нивниот број опадна за повеќе од 95% во последните 20 години.  

 

 

 

Косестото Venda cycad е познато само во Лимпопо прозинцијата во Јужна Африка. За прв пат беше опишано како нов вид во 1996.

Исто како и голфовското топче  е загрозено од луѓето кои нелегално го собираат за декоративни цели и неговиот број опадна. Непотврдени информации велат дека ова растение е веќе исчезнат вид.

 

 

 

Медуза се сметало за исчезнато, се додека не било повторно пронајдено во 1970. Неговото име веројатно го добило од плодовите, кои наликуваат на медуза кога ќе се отворат. Единствениот член на фамилијата Medusagynaceae, живее на Сејшелските Острови. Постојат само околу 86 израснати медуза дрвја во светот, а некои од нив повеќе не раѓаат.

 

 

 

Боцкавото дрво е екстремно бодликава грмушка пронајдена единствено на островот Анегада на Британските Девствени Острови. Овие острови се ниски па дрвјата можат да бидат поплавени од покаченото ниво на водата. Нивниот број не е познат, но познато е дека овие видови се на простор помал од 10 км. За да порасне шансата да преживеат, развиените дрвја се садат близу Ботаничката Градина во Тортола и во Кралската Ботаничка Градина во Англија.

 

 

Малиот папрат личи на минијатурен магдонос. Пронајден е само на еден вулкански остров во Атлантскиот океан. Се сметало за исчезнато повеќе од 50 години, се до 2009 кога ботанички тим здогледал четири папрати. Тие растеле несигурно на еден нестабилен гребен свртен кон врвот на Ашесенскиот Остров, во непријатни и суви услови. За да ги спасат, истражувачите со недели ги негувале, одејќи до сртот со безбедносно јаже за да ги наводнат и да го отстранат плевелот. Кога растенијата почнале да произведуваат семе, тимот исекол мали делови од деловите кои произведувале семе и ги испратиле на размножуање во Кралската Ботаничка градина во Англија. Како и да е, папратите сеуште се многу ретки, со околу 40 зрели растенија во дивината.

  

Коралното дрво, со своите светло црвени цветови и бодликаво стебло, живее само во далечните шуми на северно-источна Танзанија. Во 1998 се сметало за исчезнато, но било одново пронајдено во 2001 во еден мал дел од шумата. Како и да е, шумата била расчистена за да се зголеми производството на биогорива, а за видовите се стравувало дека се повторно исчезнати, сè додека не биле повторно пронајдени во 2011. Постојат помалку од 50 израснати дрвја во дивината на една единствена незаштитена локација.

 

 

Извор: BBC

 

 

 

 

 

 

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet