Акција за чистење во општина Сарај

 

Акцијата за генерално чистење на скопските општини, во организација на Град Скопје деновиве се реализираше и во општина Сарај. Екипи на ЈП Паркови и зеленило извршуваа активности од своите надлежности и тоа: собирање на лисја од тревна површина со дувалка, рачно собирање на лисја со гребло, како и собирање, изнесување и утовар на лисја и смет со возило – камион. Исто така, се изврши  кастрење и кроење на дрвја и зеленило при што се употреби соодветна механизација. Во акцијата беа ангажирани околу 20 –ина работници. 

14.12.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet