Акција за чистење на општина Центар

 

Акцијата за чистење на општините низ територија на Град Скопје, на 05 и 06.12.2017 година, се реализира во општина Центар. Во организација на Град Скопје Јавните претпријатија и екипи на ЈП Паркови и зеленило, ги извршуваа активностите од своите надлежности. Во рамките на акцијата се изврши собирање на лисја со дувалка, рачно собирање на лист со гребло, утовар на лист, чистење на зеленило и тоа на: Кеј 13-ти Ноември, Урбан Парк и во населбата Пролет. Активностите ги извршуваа 12 –ина работници од реон Центар, а од механизација се користеа три возила – ѓубретарки и два камиона.

07.12.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet