Интересни факти за хризантемите

 

Од сите свежи цвеќиња во светот, хризантемите се едни од омилените. Без разлика на приликата, хризантемите се идеален подарок било да вашата пратка е за некого посебен или за себе си, секогаш е интересно да научите повеќе за цвеќето кое го купувате и што е тоа што го прави толку посебно.

Името chrysanthemum доаѓа од грчките зборови chrysos, што значи злато и anthos што значи цвет. Постојат неколку видови на хризантеми и зависно од видот тие цветаат во различно време од годината. Најиздржливите видови се познати по нивните цветови и во текот на постудените месеци. Хризантемите се поврзани со оптимизам, богатство, пријателство и мир. Како и повеќето други цвеќиња, црвените симболизираат љубов. Повеќето бели цвеќиња се симбол за некој вид на чистота и хризантемите не се исклучок. Белите хризантеми симболизираат вистина.

Хризантемите се едни од светски најодгледуваните цвеќиња. Тие не се во фокусот на цветните аранжмани, но прават прекрасни раскошни бујни форми.

Она што многумина не го знаат е дека хризантемите се сметаат за тропски цвеќиња и се дел од најголемата фамилија на цветни растенија наречена asteraceae. Хризантемите се делат во девет различни категории и секој цвет е класифициран според начинот на кој се распределени нивните ливчиња. Кај некои цвеќиња ливчињата паѓаат надолу, а кај други растат нагоре. Ако подобро обратите внимание, ќе забележите дека секој цвет е како китка од мали цветчиња.

Хризантемите најпрво се одгледувале во Кина како лековити билки во 15 век п.н.е. До 1630 година биле забележани преку 500 одгледувачи. Во кинеската уметност познати како „Четворица Благородници“ се декоративни цреши, орхидеа, бамбус и хризантема. Многу се познати сликите нацртани со мастило или водени бои, а исто така хризантемите се тама на стотици кинески поеми. За прв пат биле донесени во Јапонија од будистичките свештеници VIII век п.н.е. Овие цвеќиња биле толку многу обожувани, што биле додадени на Империјалниот Грб. „Фестивалот на Среќата“ во Јапонија го прославува ова цвеќе, како и многубројните годишни саеми. Според фенг шуи, хризантемите претставуваат среќа и радост.

Чајот од хризантеми е многу познат пијалок во Азија заради неговите лековити својства и неговиот вкус. Исто така е лесен за подготовка. Едноставно треба да ги попарите цветчињата во топла вода 10 минути. Чајот од хризантема помага при покачена температура, болки во грлото, воспаленија, па дури и акни. Но како и за другите третмани треба секогаш да бидете свесни за разните несакани дејства како кожни иритации или лесни проблеми во стомакот.

 

  

 

 

31.10.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet