Продолжува садењето на есенски расад

 

 

Сезонското садење и уредување на јавните зелени површини со цветен расад е дел од активностите на екипите на „Градско зеленило“ изминатиов период.

Садење и дополнување на сезонски цветен расад се изврши на повеќе локации на зелените површини и тоа:

Парк „Македонија“, втор и трет дел на бул.„М.Т.Гологанов“, кружен тек во нас.Влае на бул.„Партизански одреди“, кружен тек во нас.Ѓ.Петров, цветните леи на бул.„Т.М.Бригада“, цветните леи кај Крстот во нас.Н.Лисиче, кејот на р.„Вардар“, триаголните цветни површини пред Владата на Р.М, како и цветните фигури „Топка“ и „Коцки“ на бул.„ВМРО“.

Уредување и разубавување со цветен расад го опфати и делот на цветните рундели и цветните површини околу детските реквизити во прв дел на Грдскиот парк.

За сaдењето се употреби цветен расад од видот: љубичица, хризантема, бела рада, декоративна зелка како и други видови на сезонски расад.

Акцијата на садење на сезонско цвеќе низ градското зеленило  ќе продолжи етапно и во наредните денови.

                 

 

 

26.10.2017             

  

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet