Активности на екипите од “Градско зеленило“

 

Деновиве екипи од „Градско зеленило“ на ЈП„Паркови и зеленило“ работат на активности од своите надлежности во пресрет на одбележување на престојниот државен празник 8ми Септември. На тековното одржување на јавните зелени површини, интензивни активности се извршуваат на косење на тревната површина, полевање на тревна и цветна површина, садење на сезонски цветен расад во цветните леи и жардиниери, кроење на нискостеблеста вегетација, како и собирање на смет и одржување на нивото на чистота на зеленилото.

Активностите се извршуваат во централното градско подрачје и тоа: парк Ж.Борец, зеленило пред Собрание на Р.М, зеленило на Кеј на р.Вардар, пред Влада на Р.М, булеварско странично зеленило и булеварски жардиниери. 

 

 

  

 

 

06.09.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet