Прва фаза од уредувањето на зеленилото на бул.“Христијан Тодоровски Карпош“

 

Активности од проектот за реализација на сообраќајната инфраструктура е проширувањето на булеварот “Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел, на потег од улицата “Босна и Херцеговина“ се до раскрсницата со улицата “Натанаил Кучевишки“.

Екипи на ЈП “Паркови и зеленило“ етапно, изминатиов период работеа на уредување на средишната жардиниера со поставување на систем за полевање на зеленилото, поставување на шахти, а се изврши и озеленување на просторот.

 Зеленилото на овој дел од булеварот, ќе опфати уредување на средна булеварска жардиниера во должина од околу 1 000 метри, уредување на делови на странично зеленило, како и хортикултурно доуредување. 

 

 

 

 

 

31.08.2017

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet