Дрвјата во Амазон сами си го прават дождот

 

                                       

 

Амазонската дождовна шума е дом на чудни временски услови. Еден од нив е дека врне 2 до 3 месеци пред сезонските ветрови да почнат да го носат влажниот воздух од океанот. Сега, истражувачите велат дека конечно сфатиле од каде доаѓа оваа предвремена влага: од самите дрвја.

Претходните истражувања покажаа рана акумулација на влага во атмосферата над Амазон, но научниците не беа сигурни зошто. „Сè што може да се види е водена пареа, но не знаете од каде доаѓа“, вели Ронг Фу, климатски научник на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес. Сателитските податоци покажуваат дека покачувањето на влагата се совпаѓа со раззелувањето на шумата, или зголемувањето на лисјата, што ги довело научниците да се посомневаат дека влагата е можеби водена пареа ослободена при фотосинтеза. Во процесот на испарување, растенијата ослободуваат водена пареа од малечките пори на долната страна на листовите.

Фу смета дека е можно растенијата да ослободат доволно влага за да створат ниско ниво на облаци над Амазон. Но, таа требала експлицитно да ја поврзе влагата со тропската шума.

Затоа Фу и нејзините колеги ја набљудувале водената пареа над Амазон со Аура сателитот на НАСА, вселенско летало наменето за проучување на хемијата на Земјината атмосфера. Влагата која испарувала од океанот била полесна од влагата ослободена во атмосферата од растенијата. Тоа е затоа што за време на испарувањето, молекулите на водата кои содржат деутериум, тежок изотоп на хидроген направен од еден протон и еден неутрон, се враќаат назад во океанот. Спротивно на тоа, растенијата во испарувањето едноставно ја вовлекуваат водата од почвата и ја исфрлаат во воздухот без притоа да ја изменат нејзиниот изотопски состав.

Сателитот открил дека влагата што се акумулира над дождовната шума била со големо количество на деутериум, па дури и дека тоа количество е највисоко за време на периодот на раззеленување, кога фотосинтезата е најсилна.

Дождовните облаци предизвикани од дрвата може да имаат и други домино-ефекти на временските услови. Како што тие облаци ослободуваат дожд, ја загреваат атмосферата, предизвикувајќи подигнување на воздушната маса и циркулација.

Научниците веруваат дека оваа циркулација е толку голема што ја поттикнува промената на правецот на ветровите да донесат уште повеќе влага од океанот.

Во врска со улогата која растенијата ја имаат врз временските услови, научниците потврдуваат дека тие не се само „пасивни примачи“ и дека играат активна улога во регулирање на дождовите. Па така, спречувањето на уништувањето на шумите е важен чекор за луѓето да преземат нешто во спречувањето на сушата.

 

Преземено од  www.sciencemag.org

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet