Пожар на Матка!

Вчера околу 15.00 часот избувна пожар на Матка кој се рашири кон браната Матка и село Шишево. Во борбата со огнената стихија учествуваа 35 работници на ЈП „Паркови и зеленило“ и специјален хеликоптер за гаснење пожар, но поради непристапниот терен екипите во ноќните часови се повлечени и продолуваат со гаснење денес во раните утрински часови. Четири екипи внимаваа на неговото проширување во текот на ноќните часови.

Во опасност е средновековниот манастир Свети Никола, но генералниот директор Душан Авировиќ истканува дека ќе биде сторено сè за ова древно богатство да биде заштитено.

Воедно, тој соопшти и дека пироманот кој го подметнал пожарот е фотографиран од туристи и веќе се работи на негова идентификација.

Авировиќ најави дека во текот на денешниот ден ќе се бара од надлежните министерства да се воведе забрана за движење не само во парк - шумата Водно, туку и во останатите национални паркови, и дополни дека ќе бараат и поригорозни казни за предизвикувачите на пожари.

Copyright © 2016 All rights reserved | Designed by Unet