Низ сите реони, периодов се одвиваат активностите на есенското уредување на јавните зелени површини. Косење на тревниците, кроење на грмушки, расчистување на диво израснато зеленило, собирање на лисја се само дел од тековните активности на нашите екипи. Но, секако тука е и садењето на новиот есенски цветен расад. Така, со околу 150.000 цветови од видот: viola, brassica и hrizantema ќе се уредат цветните површини и цветните фигури, чии цветови веќе ги надополнуваат есенските тонови од бои во градот.

Исто така, со овие есенски активности се изврши и надополнување, односно садење на нови садници низ зеленилото во градот, при што екипите на повеќе локации засадија неколку видови на листопадни и зимзелени садници.

Share