Денес, нашите екипи во координција со Град Скопје и противпожарната бригада, извршија дезинфекција на парковскиот инвентар како: клупи, маси, видиковци и други парковски реквизити на парк-шумата Водно, Градски парк, парк на природата Гази Баба, паркот во Чаир, СРЦ Сарај,  како и на Кејот на реката Вардар. Оваа активност се спроведе како дел од препораките за дезинфекција на јавните површини и урбаната опрема во парковите и парк-шумите низ градот, во насока на заштита на здравјето на луѓето од ширење на корона вирусот Ковид-19. Активностите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден во останатите паркови и јавни површини.

Share