Со нов цветен расад од видот хризантема (chrysanthemum) денес екипите целосно ја оформија цветната фигура Паун. Разновидните бои на цветовите даваат компактност на парковското зеленило, каде истовремено со засадувањето на новите садници од видот Ловор вишна (prunus laurocerasus) по должина на страничното зеленило ја надополнуваат разиграноста на зеленилото на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов.
Погодните временски услови овозможија теренски екипи денес да го реализираат целосното уредување со нови садници на булевар Киро Глигоров. На средишниот зелен потег засадивме вкупно 350 зимзелени садници од видот thuja occidentalis smaragd кои праволиниски даваат целокупност на булеварското зеленилото.
По должината на целиот булевар Партизански одреди, во средишното зеленило, екипите вршат дополна на садници од видовите: ✔️ thuja woodwardii ✔️ buddleja ✔️ photinia ✔️ berberis ✔️ piracanta ✔️ lonicera ✔️ leylandii
По должина од 825 метри на зелениот коридор на ул. Васко Карангелески во општина Аеродром, на растојание од еден метар, садиме 425 садници од видот thuja smaragd и 400 садници thuja rozentalis. Директорот Сефи Шабани направи увид во активностите и ги поддржа екипите учествувајќи во засадувањето на садниците.
Денешните редовни активности за уредување на зеленилото во Градскиот парк ги реализиравме заедно со дел од колегите и колешките од администрацијата. Директорот Сефи Шабани направи обиколка низ паркот, поздравувајќи ги екипите на терен, истакнувајќи дека здружено може значително повеќе да се придонесе во одржливоста на природата и зеленилото.
Thuja sp.,prunus и leylandii се новите садници кои нашите екипи денеска ги засадија на средишното зеленило на булеварот Партизански одреди во општина Карпош. Есенското садење дрвја го спроведуваме етапно, а опфатено е уредување низ сите зелените делови на градските булевари, паркови и јавни површини.
Денес со задоволство реализиравме уште една акција со претставници на АД Стопанска банка и Арбина Черими од манаџерскиот тим на претпријатието, садејќи дрвја на новото зеленило на булевар АСНОМ во општина Аеродром. Со 150 нови зимзелени дрвја го збогативме булеварското зеленилото, притоа уредувајќи нова зелена површина за граѓаните. Со активностите на садење, заеднички го заокруживме
На булевар Партизански одреди екипите го уредија зеленилото садејќи 100 садници од видот prunus. Формирајќи зелена ограда, садниците целосно се надополнуваат низ дрворедот на средишното зеленило на самиот булевар. Активностите на есенско садење низ градското зеленило и понатаму остануваат секојдневен приоритет на теренските екипи.
Со 400 украсни грмушки од видот lonicera го збогативме средишното зеленило на бул. Гоце Делчев, на потегот од раскрсницата кај Судот до подвозникот на истиот булевар. Додека пак на булевар Крсте Петков Мисирков кај МАНУ засадивме 150 садници од видот festuca, каде што утре теренските екипи ќе продолжат со садење на lonicera.
Со цвеќе од видот хризантема нашите теренските екипи ги облагородуваат жардиниерите од двете страни на Камени мост, на плоштад Македонија. Хризантемите цветаат во текот на целата есен и нивното присуство во урбаните средини ја нагласува и збогатува есенската атмосфера во градот.