Нови јавори на булевар Александар Македонски Новите јавори acer sp. целосно го дополнуваат дрворедот на страничното зеленило на булевар Александар Македонски. Во денешното садење на новите садници активно учествуваа директорот Сефи Шабани заедно со дел од раководниот тим на претпријатието со цел реализација на заложбите за повеќе зеленило на јавните површини во градот.
Декоративната brassica е новиот цветен расад со кој денес започнавме да ги уредуваме цветните леи на страничното зеленило на булевар Партизански одреди. Сезонскиот расад целосно се вклопи во уредување на цветната фигура Желка, како и во украсувањето на дел од останатите цветни површини на зеленилото на булевар Илинден.
Овие декемвриски денови екипите тековно вршат собирање на лисната маса низ сите зелени површини и паркови во градот. Денес оваа активност ја реализираме по должина на зеленилото на булевар Александар Македонски.
Љубичица (Viola) е род од истоимената фамилија Violaceae. Навидум нежна, истата всушност е позната по својата голема толеранција и отпорност на многу ниски температури. Со своите тенки и нежни ливчиња претставува прекрасна зимска декорација. Боите на цветовите се разликуваат од виолетова, до разни нијанси на сина, жолта, а ги има и во бела боја. Интензивно
Нашите екипи денеска извршија чистење и собирање на паднати лисја на страничното зеленило на булевар Илинден и улица Љубљанска во општина Карпош. Собраната лисна маса од овие локации е отстранета со камион. Тековна активност на теренските екипи низ сите реони и понатаму останува собирање и изнесување на паднатите лисја низ јавните површини во градот.
Со за Скопје Со сезонска љубичица (viola) и декоративна зелка ( brassica) денес теренските екипи отпочнаа со уредување на цветната форма на страничното зеленило на булеварот Александар Македонски.
Собирање на паднати лисја, чистење на зелените површини и уредување со сезонски расад се работните активности кои периодов посветено ги извршуваат одговорните екипи од реонот Кале.
Садење на сезонскиот расад го продолжуваме низ останатите цветни површини, каде денес започнавме со садење на љубичица (viola) во жолта боја, уредувајќи ја цветната форма Знаме на страничното зеленило на булевар Александар Македонски. Уредувањето ќе се дополни со садење на црвена љубичица (viola), чии цветови ќе ја отсликаат контурата на цветната леа.
Јавното претпријатие Паркови и зеленило и директорот Сефи Шабани на албанската заедница им го честитаат 22 Ноември - Денот на Албанската азбука. Јазикот и писмото се национална идентификација на еден народ, и преставуваат мостови до другите традиции, култури и духовни наследстава. Честитки за годишнината на албанските букви, честитки за ноемвриските празници.
Со задоволство ја прифативме иницијативата на еко - активистите од компанијата Моја фирма, за садење садници. Во присуство на директорот Сефи Шабани, претставници од Град Скопје и од општествено одговорната компанија денес се засадија 100 нови дрвја од видот acer platanoides збогатувајќи го зеленилото во мега паркот Даме Груев кај Лепенец. Преку ваквите акции на