Работната недела ја започнуваме со косење на тревната површина, собирање откос и отпадоци и чистење на патеки низ зеленилото на кејот на Вардар. На потег од спортската сала Јане Сандански сѐ до мостот во населбата Ново Лисиче по левото течение, уредувањето ќе се одвива етапно во наредните денови.
Периодов посветено работиме на уредување на зеленилото кај кружниот тек и паркот Скулптура во населбата Железара. Активностите ќе се одвиваат и наредните денови, продолжувајќи со уредување и на останатото зеленило во овој дел од градот.
Од денешните пролетни активности во Центар, го издвојуваме кроењето на зеленилото на средишната жардиниера на булевар К. П. Мисирков.
Денес, во рамките на заедничката континуирана соработка со Стопанска банка АД - Скопје спроведовме активност на садење садници. Со зимзелени садници го уредивме зелениот простор во Луна Паркот и ја дополнивме вегетацијата во Ботаничката градина. Продолжуваме и понатаму да ги реализираме активностите од проектот #ЗеленЅид за зазеленување на градот, при што досега засадивме голем број
Сезонските активности на одржување на вегетацијата и зеленилото ги спроведуваме во континуитет. Работната недела ја започнавме со кроење и оформување на крошните на дрвјата на улица Петар Манџуков и Никола Вапцаров.
Продолжуваме со пролетните активности на одржувањето на зелените површини косејќи го зеленилото кај кружниот тек и улицата Ферид Мурати во населбата Топанско Поле.
Наша вообичаена активност периодов е косење на тревните површни. Денес машинско косење и собирање откос извршивме во Паркот на пензионери во населба Драчево.
Во пресрет на пролетта ги реализираме активностите на одржување на зеленилото по десното течение на кејот на Вардар.
Откако нашите теренски екипи ги исчистија каналите и езерцата во Градски парк и ги поткастрија околните гранки, сега тие повторно се наполнети со вода. Апелираме до сите посетители на Градскиот парк да не фрлаат отпадоци во езерцата и да го почитуваат комуналниот ред.
Eкипите од сектор Дрвореди денеска извршија кроење на дрворед на булеварот Крсте Петков Мисирков, со цел поголема прегледност и безбедност на минувачите и на сите учесници во сообраќајот на овој дел од градот.