Во пресрет на пролетта ги реализираме активностите на одржување на зеленилото по десното течение на кејот на Вардар.
Откако нашите теренски екипи ги исчистија каналите и езерцата во Градски парк и ги поткастрија околните гранки, сега тие повторно се наполнети со вода. Апелираме до сите посетители на Градскиот парк да не фрлаат отпадоци во езерцата и да го почитуваат комуналниот ред.
Eкипите од сектор Дрвореди денеска извршија кроење на дрворед на булеварот Крсте Петков Мисирков, со цел поголема прегледност и безбедност на минувачите и на сите учесници во сообраќајот на овој дел од градот.
Деновиве теренските екипи отпочнаа со косење на тревните површини во парковите и јавните зелени површини низ градот. Денес во општина Аеродром косење на тревните површина се изврши долж зеленилото на булеварите АСНОМ и Јане Сандански.
На потег од населба Влае кон Центар, новите садници од видот thuja rosedalis веќе го разубавуваат страничното зеленило на булевар Партизански одреди. Моментално нашите теренски екипи садат повеќе стотини садници во населба Карпош 3, а садењето ќе продолжи и наредниот период.
На сите граѓани припадници на исламската вероисповед им го честитаме почетокот на светиот месец Рамазан, посакувајќи им лесни пости.
Денот го одбележавме со подарување цвеќе на случајни минувачки во паркот Чаир, Жена-борец и Градски парк. Симболично, со ова мало внимание директорот Сефи Шабани им го честита 8ми Март на сите жени!
И оваа година синдикалната организација при ЈП Паркови и зеленило традиционално го одбележа денот на претпријатието. Претставници од синдикатот им се заблагодарија на присутните членови и вработените кои оваа година заминаа во пензија, како и на вработените со исполнети 25 години работен стаж и им доделија симболични подароци, посакувајќи им пријатни пензионерски денови.
Во реонот Автокоманда денешното уредување на средишното зеленило на булевар Александар Македонски го реализираме со активности на косење на трева, собирање откос и отпадоци. Средувањето на зеленилото се одвива етапно, долж булеварската жардиниера, со цел поголема прегледност и безбедност на учесниците во сообраќајот.
Долж страничното зеленило на булевар Партизански одреди новите зимзелени садници од видот туја вудворд се вистинско освежување кои теренските екипи деновиве етапно ги засадуваат. Нивната примарна функција е од особено значење за најфреквентната сообраќајница, дополнувајќи го просторот на зелениот коридор.