Во реализираните проекти на раззеленување на јавните површини во градот, од деновиве го вбројуваме и зеленилото на булевар Христијан Тодоровски Карпош. На површина од 6.608м² екипите извршија  целосна реконструкција на тревникот со засадување на ново тревно семе и инсталираа нов систем за полевање со прскалки. Потребата од постојано уредување и одржување на јавните површини во градот, е задолжителен дел во процесот на зачувување и грижата за животната средина. Секако, како дел од таа целина е и грижата на секој од нас, давајќи свој придонес во одржувањето на чиста еко средина.

Share