Нови 58 садници се дел од новиот дрворед кои се засадија покрај бул.Гоце Делчев. Акцијата за садење симболично ја одбележаа директорот д-р.Ардијан Муча, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Центар Саша Богданович. Со оваа пролеттна акција на садење садници ќе се засадат вкупно 8.000 дрвја низ јавните зелени површини во градот. Се сади на булеварите Гоце Делчев, Александар Македнски, Трета Македонска Бригада, Крсте Петков Мисирков, улица Водњанска, бул. Босна и Херцеговина, кружните текови кај х.Континентал и на Партизанска, како и низ сите скопски општини. Новото хортикултурно уредување на средишната жардиниера и страничното зеленило покрај булеварот Гоце Делчев е зелениот коридор, каде изминатиот период нашите екипи работеа на комплетно обновување. Новозасадените нискостеблести и високостеблести садници на овој зелен појас на булеварот му даваат вистинска свежина на зеленилото. На овој дел се постави и нова хидрантна мрежа за наводнување на зелнилото, се изврши реконструкција на тревниците и се уреди со зимзелени и листопадни садници, грмушки и перени. Со ваквиот концепт на зелен урбанизам сé повеќе се заложуваме за подобрување на квалитетот на зеленилото во градот.

Share