Зголемениот број на велосипедисти низ градот, е од особено значење како од аспект на поединецот, така и во придобивките на зачувување на животната средина, каде како ЈП даваме целосна поддршка.Токму за таа цел, како општествено одговорно претпријатие, денес екипите од Секторот Дрвореди извршија кастрење на гранки врз вело патеките. Акцијата на кастрење на дрворед се
Во Парк на природата Гази Баба, деновиве екипите извршја поставуање на нови информативни табли. Изработени се вкупно четири информативни табли. Со наменета содржина за растителниот и животинскиот свет кој е најраспространет на ова подрачје, како и со информативни знаци истите, се  поставија на неколку локации низ паркот. Покрај значајната порака  да ја чуваме природата, од
Синоќешното невреме, проследено со силен ветер и дожд кое го зафати подрачјето на Скопје, предизвика оштетување на дел од зеленилото. По дојава од ЦУК наши екипи извршија интервенција на отстранување на паднато дрво на улица Васил Ѓоргов. Согласно состојбата на ветровито време, екипите од Секторот Дрвореди се во мобилност за брза интервенција доколку биде потребно.
Пролетните активности на одржување на јавните зелени површини, периодов екипите ги извршуваат со сиот капацитет. Дел од тие активности е и акцијата за косење на зеленилото на кејот на Вардар. Така, екипите од пунктовите Карпош 3  и Карпош 4, деновиве го косат зеленилото на кеј, на потег од хотелот Александар Палас до мостот Обединети нации.
Ве информираме дека поради состојбата со корона вирусот КОВИД-19, согласно препораките и мерките донесени на седницата, одржана на 8 мај, 2020 година Владата донесе Одлука за забрана на пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, во временски период од  19.00 часот  до 5.00 часот наредниот ден. Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат
Активностите на екипите со сите расположливи капацитети ги насочуваме на реализирање на проекти за разубавување на секој дел од зеленилото низ градот. Дел од тие проекти, е и новоподигатото зеленило со површина од 2.000м² на улица Шекспирова, кај Драмски Tеатар како и кај хотел Карпош,  каде се инсталира и целосно нов систем за полевање. Раззеленетиот
Периодов, една од главните активности на нашите екипи е косењето на тревните површини низ градот. Така, со соодветна механизација во тек е голема акција за косење на зеленилото во вториот дел на Градски парк. Со акцијата ќе бидат опфатени зелените површини на потег од х.Александар Палас сé до првиот дел на Градски парк. Исто така,
Уредувањето и подигнувањето на нови зелени површини се наша задача и цел. Посветено, во тој правец нашите екипи извршија уредување и зазеленување на уште една површина во општина Аеродром. На булевар Видое Смилевски Бато овој прекрасен парк е вистинско убаво зелено место за жителите од населбата Ново Лисиче. Секогаш за зелено и чисто Скопје !