Активностите на екипите со сите расположливи капацитети ги насочуваме на реализирање на проекти за разубавување на секој дел од зеленилото низ градот. Дел од тие проекти, е и новоподигатото зеленило со површина од 2.000м² на улица Шекспирова, кај Драмски Tеатар како и кај хотел Карпош,  каде се инсталира и целосно нов систем за полевање. Раззеленетиот
Периодов, една од главните активности на нашите екипи е косењето на тревните површини низ градот. Така, со соодветна механизација во тек е голема акција за косење на зеленилото во вториот дел на Градски парк. Со акцијата ќе бидат опфатени зелените површини на потег од х.Александар Палас сé до првиот дел на Градски парк. Исто така,
Уредувањето и подигнувањето на нови зелени површини се наша задача и цел. Посветено, во тој правец нашите екипи извршија уредување и зазеленување на уште една површина во општина Аеродром. На булевар Видое Смилевски Бато овој прекрасен парк е вистинско убаво зелено место за жителите од населбата Ново Лисиче. Секогаш за зелено и чисто Скопје !
На местото на запуштениот простор кај новата Железничка станица, периодов нашите екипи активно работеа на уредување на просторот. Поточно, на булевар Трета македонска бригада, во општина Аеродром екипите извршија целосно расчистување, уредување и озеленување на површина од 5.732м². И понатаму продолжување со проекти за зазаеленување и подигање на нови зелени површини и паркови во градот.
Ги информираме граѓаните дека архивата на претпријатието ќе работи во вторник и петок од 09 до 11 часот. Ги молиме граѓаните без значајна потреба да не доаѓаат во претпријатието туку за сите потребни информации  да ни се обратат по електронски пат на службениот мејл: info@parkovi.com.mk; преку нашата веб страна: www.parkovi.com.mk; на дежурниот телефон: 071 211
Екипите и денес продолжуваат со дезинфекција на урбаните парковски елементи во парк Жена борец, Рајски парк, паркот кај авиончето во населба Ново Лисиче и парк Ибни Пајко, согласно мерките за заштита на здравјето на луѓето од ширење на корона вирусот Ковид-19. # седисидома