Периодов, една од главните активности на нашите екипи е косењето на тревните површини низ градот. Така, со соодветна механизација во тек е голема акција за косење на зеленилото во вториот дел на Градски парк. Со акцијата ќе бидат опфатени зелените површини на потег од х.Александар Палас сé до првиот дел на Градски парк. Исто така, со полн интензитет се одвиваат и сите тековни сезонски активности на уредување и средување на зелените површини и паркови низ градот.

Share