Деновиве, во тек се активности на садење нов цветен расад, низ зелените површини во градот. Екипите работат на промена на летниот цветен расад со зимски – сезонски цветен расад, од видот: хризантема, декоративна украсна зелка, виола и бела рада. Со ова садење ќе се опфати уредување на цветните леи и фигури низ јавните зелени површини,
Активностите за уредување на зеленилото низ градот, екипите посветено ги реализираат и во општина Карпош. На површина од 5.960 м², етапно се изврши  подигање ново зеленило, поставувајќи нов систем за полевање. Поточно на аголот помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Љубљанска“ во близина на ТЦ Сити мол, ова е целосно ново зазеленување на овој простор.